Facebook Sergej Cetkovic
Црногорскиот пејач и автор на музика Сергеј Ќетковиќ, кој беше близок соработник со Панчо, но и искрен пријател се огласи со емотивен пост на Фејсук, по веста дека Панчо по седуммесечна битка им подлегна на повредите од пожарот во „Пулс“
Добар пријателе мој, напиша Ќетковиќ. Од првиот ден те гледав како брат. Знаеш кога луѓето се препознаваат на прв поглед, како да ги познаваш цел живот. Твојата љубезност, насмевка, љубов, ентузијазам и сила ме воодушевуваа на секоја средба и ме охрабруваа за секој нов ден.
Имавме многу планови, идеи… Толку многу да правиме, да раскажуваме, да создаваме…
Патувај, брате мој, одмори се. Нека ангелите те водат на подобро место и нека Господ ти го подари Рајот!
Те сака твојот брат, напиша Сергеј на својот Фексбук профил.

ИЗДВОЕНИ