Семејна фотографија што ги стопли срцата на фановите низ светот: Божиќна честитка од Кејт Мидлтон и принцот Вилијам со децата/фото

158
Фото:принтскрин, Инстаграм
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ја открија традиционалната божиќна честитка за 2025 година, на која позиратт со децата – принцот Џорџ (12), принцезата Шарлота (10) и принцот Луис (7).
Фотографијата, снимена во април 2025 година од Џош Шинер, го прикажува кралското семејство како седи во поле преполно со нарциси, додека се прегрнуваат пред камерата.
Вилијам и Луис се облечени во темнозелени џемпери и сини фармерки, додека Шарлота, потпрена на татковото рамо, е облечена во зелен џемпер и носи шал.
Оваа фотографија датира од истата сессија која претходно беше користена за честтка за Денот на татковците за Вилијам и за портрети за седмиот роденден на Луис.
Шинер претходно ја фотографираше и принцезата Кејт.

„Им посакуваме среќен Божиќ на сите“, порачува семејството.

Реакциите на фановите беа емотивни.

„Толку прекрасно семејство“, може да се прочита под фотографијата на официјалниот профил на Инстаграм на Кејт и Вилијам.

ИЗДВОЕНИ