понеделник, февруари 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Седумдесетина планинари успешно се искачија на Титов Врв

Седумдесетина планинари успешно се искачија на Титов Врв

71

На традиционалното 17. летно искачување на Титов Врв во заедничка организација на планинарските клубови „Јелак“ и „Тетекс“ од Тетово, учествуваа седумдесетина планинари. Од Попова Шапка кон највисокиот врв на Шар Планина, групата планинари се движеа по Вакуфска патека

– И покрај временските услови кои не беа во целост поволни, сепак успеавме да се искачиме до врвот. Имаше ветер кој се движеше со брзина од 40 до 50 километри на час. Но, како и да е, времето се задржа суво и топло и целата група успешно се искачи и се врати до целта на Попова Шапка  – изјави Снежана Новаковска, претседателка на ПК „Тетекс“.

Освен планинарите од Тетово, учествуваат и луѓе од клубови од градови низ целата држава.

 

 

ИЗДВОЕНИ