Оваа недела, на територијата на Општина Аеродром, почна голема акција за замена на урбаната опрема и комплетно уредување на детските и спортските игралишта.

– Со многу енергија и посветеност работиме на создавање поубави, побезбедни и помодерни простори за сите генерации. Во тек е поставување нови реквизити на игралиштата, обновување на постојната опрема и уредување на просторите каде што секојдневно се дружат и се рекреираат нашите најмлади и младите – соопштија од Општина Аеродром.

Оттаму додаваат дека, наскоро, Аеродром ќе добие и пет нови калистеника зони, современи места за спорт, рекреација и здрав живот на отворено.
– Ќе бидат комплетно санирани околу 300 клупи, а дополнително ќе бидат поставени и околу 100 нови клупи низ општината, за поудобни и поуредени јавни простори за сите граѓани – наведуваат од локалната самоуправа, нагласувајќи дека ќе продолжат да инвестираат во секое маало, секој парк и во секое катче од Аеродром, затоа што, како што велат, Општина Аеродром постојано се грижи за уредувањето, убавината и за квалитетот на животната средина за своите жители.











