Марјан Коцев, важи за еден од најомилените македонски фолк-пејачи, со сопругата Билјана е во брак од 2010 година. Иако ретко ја „експонира“ во јавноста, кај обожавателите, сепак Мац, како што го викаат нагалено, овој пат имаше силна причина да направи исклучок.
Неговата сакана славеше роденден, па Марјан со емотивна објава ѝ го разубави денот. Тој воедно сподели нивна заедничка црно-бела фотографија, покажувајќи колку му значи неговата поубава половина.
Врвот на нивната искрена љубов се нивните деца Дуња и Данило, а Марјан воедно ни го открива неговиот рецепт за среќен брак: – Да не се лажеме, ниту еден брак не е идеален. Најважно е да се најде компромис, да се разговара, да се решаваат проблемите. Доколку сето тоа е остварливо. Исто така, многу е важна и толеранцијата помеѓу мажот и жената. Сè за љубов и за љубов кон децата! (Д. М.)












