среда, февруари 25, 2026
Дома БАЛКАН Се урна турски ловец Ф-16, загина пилотот/ВИДЕО

Се урна турски ловец Ф-16, загина пилотот/ВИДЕО

36
screenshot X

Турски воен авион Ф-16 се урна рано утрово за време на летот во западната покраина Баликешир, а пилотот загина во несреќата, соопшти турското Министерство за национална одбрана.

Според соопштението, инцидентот се случил на автопатот Измир-Истанбул, а авионот се урнал кратко по полетувањето.

„Во 00:56 часот по локално време, радиоконтактот и локацијата на нашиот ловец Ф-16 , кој полета од 9-тата воздухопловна база во Баликесир, беа изгубени. Како резултат на веднаш започнатите операции за пребарување и спасување, беше утврдено дека нашиот авион се урнал, а неговите остатоци беа пронајдени. Нашиот пилот е убиен“, соопшти турското министерство, пренесува Анадолија.

ИЗДВОЕНИ