петок, јули 3, 2026
Дома СКОПСКА Се реконструираат краци од улицата „Тодор Чангов“ во Лисиче

Се реконструираат краци од улицата „Тодор Чангов“ во Лисиче

1

Почнаа градежните активности за реконструкција на краци од улицата „Тодор Чангов“ во населбата Лисиче.

Од Општина Аеродром информираат дека во рамките на проектот се врши целосно отстранување на дотраениот и оштетен асфалт, замена на постојниот тампон со нов, по што ќе следува поставување на нов асфалтен слој.

Реконструкцијата е дел од проектите што ги реализира Општина Аеродром во рамките на вториот јавен повик на Владата за финансирање инфраструктурни проекти. Преку обезбедените средства, Општината продолжува со реализацијата на значајни капитални инвестиции насочени кон модернизација на инфраструктурата и подобрување на условите за живот на граѓаните.

– Во текот на летниот период, Општина Аеродром ќе реализира голем број инфраструктурни проекти на повеќе локации. Во фокусот се: реконструкцијата и санацијата на улици; уредувањето на јавниот простор; подобрувањето на комуналната инфраструктура и реализацијата на нови капитални инвестиции, со цел создавање помодерна, пофункционална и поуредена општина – најавуваат од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ