четврток, февруари 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се прави последниот приклучок на топловодната мрежа

Се прави последниот приклучок на топловодната мрежа

103

Битолска топлификација го работи последното поврзување на топловодот на влезот на улицата „Студентска“ со главната цевка од топловодот на улицата „Партизанска“.

Се очекува градежните работи да завршат за два работни дена и со тоа завршува поставувањето на главната топловодната мрежа низ Битола.

Сите 35 објекти, кои се дел од првата фаза на овој зафат, се приклучени на топловодната мрежа.

Директорот на ЕСМ Топлификација, Александар Мирчевски, вели дека следно е тестирање на топловодниот систем под притисок, а потоа и конзервирање, сè додека не се завршат останатите работи кои се надвор од градот.

 

ИЗДВОЕНИ