Федералното истражно биро на САД (ФБИ) и Националната агенција за криминал на Велика Британија се алармирани од драматичното зголемување на бројот на случаи на уцена на деца и тинејџери кои се цел на сексуални предатори преку интернет, пишува денес „Гардијан“.
Компании како „Снепчет“ и „Фејсбук“ пријавиле повеќе од 9.600 вакви случаи во Велика Британија за само шест месеци минатата година, додека Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца на САД (NCMEC) минатата година добил 546.000 пријави од технолошки компании ширум светот во врска со сексуално вознемирување на деца преку интернет, што е зголемување од 192% во споредба со 2023 година.
Националната агенција за криминал на Велика Британија (NCA) започна невидена кампања во Велика Британија за да ги предупреди наставниците, родителите и децата за опасностите од изнуда, во која малолетни жртви се уценуваат да споделуваат експлицитни снимки преку интернет.