Се појави снимка од крадецот во Лувр/ВИДЕО

2546
screenshot X

Утрово околу 9:30 часот, група од четири маскирани разбојници извршија брз и прецизен грабеж во музејот Лувр во Париз, во галеријата Аполо. Нападот траел само неколку минути. Крадците влегле однадвор користејќи механизирана платформа што ја користеле за пристап до горниот прозорец, а потоа скршиле две високобезбедносни витрини.

Според истражни извори и изјавите на јавната обвинителка Лаура Бекуау, специјализирана група од четири лица чии лица биле делумно скриени е одговорна за грабежот, а сторителите избегале со моќни скутери. Истрагата е во тек, се прегледуваат сите достапни камери за надзор, се испитуваат трагите од платформата, а полицијата бара и можни помагачи или нарачатели.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавија снимки од сторителите од надзорната камера во Лувр. Снимката покажува како еден од разбојниците крши стаклена витрина што содржи накит.

Би-Би-Си: Пронајденото парче накит од Лувр, е наводно круна која и припаѓала на царицата Евгенија, сопругата на Наполеон

ИЗДВОЕНИ