понеделник, февруари 2, 2026
Дома СВЕТ Се појави досега невидено интервју со Епштајн: Што одговори на тврдењето дека...

Се појави досега невидено интервју со Епштајн: Што одговори на тврдењето дека е сексуален престапник?/ВИДЕО

114
screenshot video Sky News X Epstein files from the US Department of Justice

Објавено е видео од Џефри Епштајн како одговара на низа прашања за неговото богатство и фактот дека е регистриран сексуален престапник. Видеото е пронајдено меѓу неодамна објавените документи и го прикажува Епштајн во разговор со лице за кое се верува дека е Стив Бенон, пишува „Скај њуз“.

Видеото го прикажува Епштајн, со очила и црна кошула, како мирно одговара на прашања.

Во еден момент, соговорникот го прашува дали неговите пари се „валкани“.

-Не, не се – одговара Епштајн.

Кога го прашуваат зошто, тој накратко додава:

-Затоа што јас ги заработив.

Кога соговорникот му сугерира дека го стекнал своето богатство „советувајќи ги најлошите луѓе во светот кои прават ужасни работи“, Епштајн одговара дека „моралот е секогаш сложено прашање“.

Потоа тврди дека донирал пари за да помогне во искоренувањето на детската парализа во Пакистан и Индија.

Соговорникот потоа го прашува за неговиот статус на сексуален престапник:

Која категорија на сексуален престапник сте? Трета?

-Прва. Јас сум во најлесната категорија“, одговара Епштајн.

На прашањето дали оние на кои им дал донации знаат од каде доаѓаат парите, следува бизарна размена. Епштајн вели:

-Мислам дека и да им кажете оти самиот ѓавол им нуди пари во замена за животот на едно дете… тие би ги земале.

Дали мислите дека сте ѓавол? – го прекинува соговорникот.

-Не, јасно го гледам мојот одраз во огледалото – одговара Епштајн.

Соговорникот потоа инсистира:

Ова е сериозно прашање. Дали мислите дека сте самиот ѓавол?

-Не знам. Зошто го кажувате тоа? – прашува Епштајн.

Затоа што ги имате сите негови квалитети – почнува соговорникот, но Епштајн го прекинува:

-Не, јас се плашам од ѓаволот.

Лицето што го интервјуира Епштајн не е видливо на снимката, но се верува дека е Бенон, поранешниот главен стратег на Доналд Трамп, кој служел на таа позиција во текот на првите седум месеци од првиот претседателски мандат на Трамп.

Не е познато кога и каде е снимено интервјуто, кој го снимил или зошто Бенон разговарал со Епштајн, но се шпекулира дека целта била обид да се обликува јавниот настап на Епштајн пред неговото судење.

ИЗДВОЕНИ