Екипите на ЈКП „Гази Баба“ интензивно работат на подобрување на водоснабдителниот систем и зголемување на неговата функционалност во повеќе населени места.

Од Општина Гази Баба информираат дека е поставена пумпа во бунарот „Булачани 2“, со што се создаваат услови за подобрување на водоснабдувањето и поголема сигурност во снабдувањето со вода.

– Истовремено, поставена е пумпа и во бунарот во населеното место Раштак, како уште еден важен чекор кон подобро и постабилно водоснабдување за жителите. Дополнително, во Булачани е поврзана нова линија од бунарот со водоводната мрежа и е поставен водомер, со што се овозможува интервално хлорирање и создавање услови за обезбедување чиста и пивка вода за жителите – соопштија од Општина Гази Баба.

Притоа, нагласуваат дека водоснабдувањето е едно од основните прашања за квалитетен живот и велат дека нема да застанат додека не обезбедат подобри услови за секое населено место и секој наш сограѓанин.

ИЗДВОЕНИ