Украинецот Александар Усик е човек кој боксува без страв. Тој стапнал во рингот против најдобрите борци во светот. Александар ги победи сите свои противници и ги освои титулите во тешка и полутешка категорија. Но, ако го прашате од што се плаши искрено ќе каже дека страв му е само од Бог.
„Не се плашам од ништо освен од Бога. Се плашам од Него затоа што го сакам“, напиша Усик.
Усик моментално е непоразен во тешката категорија. Тој ги зеде светските титули од Ентони Џошуа во Лондон во 2021 година. Во 2022 година ги одбрани и повторно победи. Но, и покрај целата слава и титули, Усик останува скромен. Тренира напорно и го слави Бога секој ден.
Налето Усик се враќа да ги брани појасите против Даниел Дубоа. Двајцата веќе се бореа пред неколку години и победи Украинецот.