среда, јануари 28, 2026
Дома СКОПСКА Се отстранува голема дива депонија позади катната гаража во Буњаковец

Се отстранува голема дива депонија позади катната гаража во Буњаковец

78

Службите на Општина Центар започнаа акција за чистење на голема дива депонија во Буњаковец, на локацијата позади катната гаража. Станува збор за јавен простор, нелегално заграден и узурпиран, кој од несовесни лица бил користен за одложување смет и мешан комунален отпад.

Од Општина Центар информираат дека инспекциските служби на самото место затекнале огромна количина отпад кој бил собиран, претставувајќи потенцијално жариште на зарази и закана за здравјето на жителите, особено поради тоа што се работи за локација во близина на трговскиот центар, станбени згради и ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци”.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски потенцира дека изминатиов период се расчистени повеќе депонии, како онаа кај трговскиот центар „Ист Гејт“, а Општината како што истакна поттикната од непостапувањето на Град Скопје, започнала и голема акција во соработка со граѓаните, под мотото „Центар не чека, Центар чисти.“

-Во рамки на оваа акција, исчистивме повеќе населби, особено просторот околу контејнерите и кантите кои се под надлежност на Град Скопје, но не се одржуваат редовно и претставуваат жаришта на зарази. Граѓаните на Центар заслужуваат чисти улици и места каде што ќе можат безбедно да го поминуваат своето слободно време во здрава животна средина – наведе Герасимовски.

Тој ги повикува сите жители да се приклучат кон акцијата и да пријавуваат диви депонии, но пред сè, да покажат еколошка одговорност и грижа за својата населба и околина.

 

ИЗДВОЕНИ