Американскиот претседател Доналд Трамп, кој следниот месец ќе наполни 80 години, денес по тричасовниот преглед во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“ изјави дека „сè помина совршено“, но не даде никакви детали.
Неодамнешните фотографии на кои се гледа осип на вратот дополнително ги зголемија прашањата за здравјето на Трамп, откако фотографиите од јули 2025 година покажуваат отечени глуждови и модринка на раката покриена со шминка, објави „Ројтерс“.
Посетата на Националниот воено-медицински центар беше трета на Трамп за 13 месеци.
Лекарот од Белата куќа, Шон Барбела, изјави дека Трамп користи обичен крем како „превентивен третман на кожата“ за лекување на осип на вратот, но не даде детали за состојбата што се лекува.
Откако фотографиите од нозете и рацете на претседателот беа објавени минатиот јули, Барбела рече дека состојбите се бенигни и нема докази за длабока венска тромбоза или артериска болест.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, им изјави на новинарите во тоа време дека отокот на нозете на Трамп се должи на „честа“ венска состојба и дека модринките на неговата рака се резултат на бројни ракувања.












