Цените на нафтата се искачија над 100 долари на меѓународните пазари по новиот напад на САД врз Иран, што ги поттикна стравувањата од застој во разговорите меѓу Вашингтон и Техеран за отворање на Ормускиот теснец.
На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше попладне за 4,21 долари за барел, во однос на вчерашното затворање од 100,35 долари. На американскиот пазар, беше за 2,24 долари поевтино отколку на крајот на минатата недела, на 94,36 долари. Американскиот пазар вчера беше затворен поради празник.












