петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Се огласи Русија за прекинот на огнот во Иран: „Неиспровоцираниот напад претрпе...

Се огласи Русија за прекинот на огнот во Иран: „Неиспровоцираниот напад претрпе катастрофален пораз“

268

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека земјата уште од самиот почеток ја нагласуваше потребата од политичко и дипломатско решение на конфликтот на Блискиот Исток.

„Уште од првите изјави, нашата земја јасно посочи дека е потребно веднаш да се запре агресијата на САД и Израел против Иран, дека нема воено решение за оваа ситуација и дека само вистинско политичко и дипломатско решение, засновано на преговори и реално разгледување на позициите на сите страни, може да донесе стабилност“, изјави Захарова за Спутник.

Таа додаде дека „пристапот кон едностран, агресивен и неиспровоциран напад претрпе катастрофален пораз“, објави ТАСС.

Претходно, пакистанскиот премиер Шахбаз Шариф објави дека Иран и САД постигнале договор за прекин на огнот, кој стапил на сила веднаш и ќе се почитува „во Либан и насекаде“, пренесува Танјуг.

Шариф, исто така, ги покани иранските и американските делегации во Исламабад на 10 април за понатамошни преговори.

ИЗДВОЕНИ