четврток, јули 2, 2026
Дома СВЕТ Се очекува присуство на 20 милиони луѓе: Моџтаба Хамнеи нема да...

Се очекува присуство на 20 милиони луѓе: Моџтаба Хамнеи нема да присуствува на погребот својот татко поради закани од Израел

0
Фото:википедија

Актуелниот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, нема да присуствува на погребот на својот татко, поранешниот врховен лидер Али Хамнеи, од безбедносни причини.

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, неодамна се закани дека Моџтаба Хамнеи е „обележан за атентат“, на што Техеран остро реагираше. Иранскиот министер за надворешни работи предупреди дека на сите идни закани ќе се одговори со „силен одговор“.

Се очекува повеќе од 20 милиони луѓе во Техеран за погребот на врховниот лидер Али Хамнеи, што би го дуплирало бројот на луѓе во иранската престолнина, која има население од околу 10 милиони, објавија иранските медиуми.

Покрај церемониите во Техеран, планирани се комеморативни собири и погребни церемонии во светиот град Ком, како и во Машхад, каде што се очекуваат и големи толпи.

ИЗДВОЕНИ