Се крева рампата за 35 илјади странски работници, ќе се спречи ли одливот на нашите? 

Со измените во Законот за вработување на странци кој е во собраниска процедура се предвидува број на странци кои може да работат во државата да изнесува до 35 илјади годишно. Предлагачите на ова законско решение очекуваат да се реши проблемот се недостигот на работна сила, но работодавачите и синдикатите се сомневаат дека ќе се спречи заминувањето на странските работници кон европските земји. Според Ангел Димитров од Организација на работодавачи, оваа бројка може да ги задоволи потребите на работодавачите, но ако останат во државата. Тој вели дека странските работници за разлика од порано кога ја користеа Македонија само како отскочна даска за влез во европските земји сега помалку ни бегаат, бидејќи се вработуваат во посолидни фирми кои им нудат подобро сместување и повисоки плати

1376

Се зголемува бројот на странски работници кои можат да бидат ангажирани во државата. Со измените во Законот за вработување на странци кој се во собраниска процедура се предвидува број на странци, кои може да работат во државата да изнесува до 35 илјади годишно. Предлагачите на ова законско решение очекуваат да се реши проблемот се недостигот на работна сила, но работодавачите и синдикатите се сомневаат дека ќе се спречи заминувањето на странските работници кон европските земји. Со измените на овој Законот најпрво се отвора простор за вработување на странски државјани кои работат на државни проекти и овој вид на привремени вработувања нема да бидат дел од годишните квоти.

-Квотата нема да опфаќа странци кои се привремено упатени од странското правно лице во регистрирана филијала или друга организациската единица во РСМ за вршење на раководни или специјални работи и кои се вклучени во реализација на проекти за развој подржани од Владата, се наведува во предлог законските измени.

Освен привремени вработувања на странци кои нема да бидат опфатени со квота, се дефинираат и вработувања на странци во рамки на квота. Квотата не може годишно да надминува 5 отсто од населението во државата кое законски е вработено, според податоците на ДЗС, стои во предложените измени.

-Со измените на Законот нема поедноставување на процедурите за вработување на странци како во соседните држави, туку само зголемување на бројот. За разлика од кај нас странците кои доаѓаат да работат во Србија поднесуваат едно барање за вработување и влез во државата. Кај нас проблемот што прво треба да влезат во државата, а потоа се обезбедува престој и дозвола за работа преку МВР што може да трае и до два месеци. За тој период странецот кој е дојден во Македонија не може да работи и е на трошок на работодавачот. Србија и другите земји во регионот го поедноставија законот и затоа има поголем број на странци отколку кај нас, изјави за весникот ВЕЧЕР, Ангел Димитров, од Организација на работодавачи.

Според него, 35 илјади е доволна бројка која може да ги задоволи потребите на работодавачите, но ако останат во државата. Димитров вели дека странските работници за разлика од порано кога ја користеа Македонија само како отскочна даска за влез во европските земји сега помалку ни бегаат, бидејќи се вработуваат во посолидни фирми кои им нудат подобро сместување и повисоки плати.

Ставот на Сојузот на синдикати на Македонија е дека треба да ги задржиме и подготвиме младите за пазарот на трудот наместо да увезуваме странски работници.

-Лошите услови и ниските плати ги избркаа нашите работници, а сега ги бркаат и странците. Тие доаѓаат тука и после една-две плати си одат. Доаѓаат неквалификувани и нискоквалификувани работници кои не одговараат на потребите на стопанството. Нашите предлози се воведување на дуално образование, обуки, преквалификации, доквалификации за да ги задржиме нашите работници наместо да увезуваме странци, изјавија за весникот ВЕЧЕР од ССМ.

Оттаму велат дека ова законско решение е многу важно не само од аспект на економијата, туку од аспект на демографијата. Ако продолжи овој процес на иселување на нашите, а на доаѓање на работници од Непал, Пакистан, Бангладеш… ќе се смени и демографската структура на државата.

Со новите законски измени странците задолжително треба да поседуваат дозвола за привремен престој заради работа издадена од МВР или дозвола за работа издадена од Агенцијата за вработување и регулиран престој по друг основ во државата.

Приватниот сектор веќе алармираше дека се соочува со голем дефицит на работна сила и едно од барањата беше да се зголеми бројот на дозволи за работа на странци и да се поедностават административните процедури за вработување.

(А.С.)

ИЗДВОЕНИ