четврток, октомври 15, 2026
Дома СВЕТ Се чувствува изневерен: Болно е кога претседателот Трамп избира страна, а таа...

Се чувствува изневерен: Болно е кога претседателот Трамп избира страна, а таа не е нашата, вели Зеленски

16
EPA/SARAH MEYSSONNIER

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за британскиот новинар Пирс Морган вчера изјави дека Русија изгубила силен сојузник и дека се чувствува изневерен од американскиот претседател Доналд Трамп.

На прашањето од Морган дали се чувствува изневерен од Трамп поради договорот со рускиот претседател Владимир Путин во врска со дизелот и ублажувањето на санкциите кон Русија, Зеленски одговори потврдно.

„Всушност, да, но мислам дека ситуацијата е малку посложена од моите емоции или чувства. Тоа не зависи од мене“, рече Зеленски, како што пренесе „Киев Индипендент“.

Тој истакна дека е разочаран од одлуката на Трамп да склучи договор со Путин веднаш откако беа воведени построги санкции кон Русија, а на прашањето дали смета дека Украина ја губи американската поддршка, тој одговори потврдно.

„Болно е кога претседателот Трамп избира страна, а таа не е нашата. Немаме ништо против тој да биде неутрален, но ако сте неутрални, мора да останете такви, наместо да преминете на погрешната страна“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател упати критики кон соработниците на Трамп, кои, според него, го насочуваат кон носење одлуки што ѝ одат во прилог на Русија.

„Мислам дека неговите советници прават грешка. Не знам кој го турка кон погрешната страна, но знам дека тоа не е вистинската страна на историјата“, рече Зеленски.

Зеленски исто така нагласи дека одлуката за ограничување на работата на „Старлинк“ во Украина била „голема грешка“, бидејќи тоа ги попречува борбените операции на украинската војска. „Побаравме обновување на целосното функционирање на ’Старлинк‘ во Украина, бидејќи во спротивно многу луѓе ќе настрадаат“, предупреди Зеленски.

ИЗДВОЕНИ