Се чистат зелените појаси, коловозите и тротоарите

1

Од денеска, во заедничка координирана акција на Општина Кисела Вода, ЈП „Паркови и зеленило“ и на ЈП „Комунална хигиена“, се спроведува големо чистење на јавните површини на територијата на Општината. Акцијата го опфаќа потегот од крстосницата меѓу „Народни херои“ и булеварот „Борис Трајковски“ до кружниот тек во населбата Драчево.

– Со помош на метли, тримери и телескопски пили, се чистат зелените појаси, се кастрат гранките и се коси пораснатата тревна површина, а тротоарите и коловозите се метат со специјални метларки. Во рамките на акцијата, преку Секторот за месна самоуправа, Општина Кисела Вода ангажираше 40-мина сезонски работници, кои активно се вклучени на терен – информираат од Општина  Кисела Вода.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска- Трајкоска изјави: „Хигиената во Општина Кисела Вода мора и ќе биде на високо ниво. Ваквите координирани акции ќе станат редовна практика, бидејќи грижата за јавниот простор е наша обврска и одговорност. На терен се вклучени сите: општинските служби, јавните претпријатија и сезонските работници, затоа што кога работиме заедно, ефектите се очигледни и опипливи. Но, грижата за чиста и уредна општина не завршува тука“.

Таа ги повика граѓаните да внимаваат на хигиената, да не фрлаат отпад и да се однесуваат одговорно.

 

ИЗДВОЕНИ