Се чистат собирните и станбените улици и блоковското зеленило во Карпош

16

Општина Карпош интензивно работи на пролетно генерално чистење на собирните и станбените улици како и блоковското парковско зеленило низ урбаните заедници.

Од локалната самоуправа информираат дека во саботата, на 10 мај, сите вработени од општината беа вклучени на генерално чистење на целата територија на општината.

-Во текот на вчерашниот ден секторот за екологија изврши темелно расчистување на тревниците од сува трева, искршени гранки, пластики, камења и друг отпаден материјал како и чистење на собирните и станбените улици од насобраниот смет покрај рабниците на тротоарите. Ова темелно чистење беше спроведено во Карпош 3, се расчистува Карпош 4, а во текот на утрешниот ден оваа активност ќе се спроведе на територијата на Карпош 1 и Карпош 2 – соопштија од Општина Карпош.

Оттаму, ги повикаа граѓаните максимално да придонесат кон подобрување на хигиената, особено на тревните површини.

– Општината веќе изврши три косења на блоковското зеленило, но за жал, обврската што ја има ЈП „Паркови и зеленило“ за одржување на булеварското зеленило не ја извршува согласно со потребите на граѓаните и парите што ги добиваат со наплатата на сметките од граѓаните на општина Карпош – напомнуваат од локалната самоуправа.

Притоа упатија апел до ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“ да се однесуваат одговорно кон средствата што ги добиваат од граѓаните на Карпош и да ги исполнуваат своите законски обврски.

 

 

ИЗДВОЕНИ