вторник, јануари 20, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се бара куќен притвор за судијата кој во куќата од родителите соѕида...

Се бара куќен притвор за судијата кој во куќата од родителите соѕида 350.000 евра

52

По едно деноноќие Обвинителството објави дека за судијата Ѓоко Ристов се бара куќен притвор.

-Денеска предметниот јавен обвинител од ОЈО ГОКК го сослуша осомничениот судија и му ги предочи прибраните докази врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил делата што му се ставаат на товар.
Ценејќи ги објективните услови што е потребно да бидат исполнети за определување на мерка за обезбедување присуство, како и субјективните што истата ја оправдуваат, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител му достави предлог на осомничениот да му биде определена мерка куќен притвор.
Освен оваа мерка, предложено е и определување на мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

ИЗДВОЕНИ