Поранешниот француски претседател Никола Саркози изјави дека ќе продолжи да се бори за својата невиност откако беше осуден во Париз на пет години затвор за нелегално финансирање на неговата претседателска кампања во 2007 година со средства од Либија, објави Ројтерс.
„Ако навистина сакаат да спијам во затвор, ќе спијам во затвор, но со крената глава“, рече Саркози веднаш по изрекувањето на казната.
Парискиот суд на 25 септември утврди дека Саркози постигнал договор со тогашниот либиски лидер Моамер Гадафи во 2005 година за обезбедување финансиска поддршка во замена за политички отстапки на меѓународната сцена.
Поранешниот претседател е обвинет за корупција, прикривање на либиски државни средства и нелегално финансирање на кампањата. Самиот Саркози постојано тврдеше дека постапката се води врз основа на она што тој го нагласил како несигурни докази.