Санкциите на САД за Русија „ризичен потег“: Цената на нафтата скокна во небо!

309

Цените на нафтата на светскиот пазар значително пораснаа по веста за новите санкции од страна на Соединетите Американски Држави против Русија, објавува Блумберг. Цената на суровата нафта Брент порасна за повеќе од 5%, бидејќи пазарите реагираа на можноста за прекини во испораките на руска нафта.

Според информациите од изворите на агенцијата, поранешниот претседател Џо Бајден размислувал за сличен потег во последните денови од својот мандат, но се откажал од него поради страв од дестабилизација на глобалниот енергетски пазар.

Актуелниот претседател Доналд Трамп, кој се обидува да ги одржи цените на бензинот ниски во САД, се одлучил за санкции што многу аналитичари ги сметаат за „ризичен потег“. Овие мерки се насочени кон рускиот енергетски сектор, вклучувајќи ги и водечките нафтени и гасни компании.

Американскиот експерт за меѓународни односи Томас Греам изјави дека санкциите веројатно нема да ја променат политиката на Москва.

– Ако Белата куќа смета дека овие мерки радикално ќе влијаат на однесувањето на Владимир Путин, греши. Санкциите делуваат бавно, а Кремљ со години успева да ги заобиколи – рече Греам.

Остриот пораст на цените на нафтата покажува дека пазарот останува исклучително чувствителен на политичките одлуки на Вашингтон и можните нарушувања на рускиот извоз. Аналитичарите очекуваат волатилноста на цените да се зголеми во наредните денови, бидејќи трговците проценуваат колку новите санкции навистина ќе влијаат на глобалните енергетски текови.

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции врз Русија поради војната во Украина, за прв пат во својот втор мандат, кои се насочени кон нафтените компании Лукоил и Роснефт, пренесува Ројтерс.

Министерството за финансии на САД, кое ги издаде санкциите, изјави дека е подготвено да преземе понатамошни мерки и ја повика Москва веднаш да се согласи на прекин на огнот во војната во Украина, која започна во февруари 2022 година.

ИЗДВОЕНИ