понеделник, јули 6, 2026
Дома СВЕТ САД ќе испратат уште 5.000 војници во Полска, објави Трамп

САД ќе испратат уште 5.000 војници во Полска, објави Трамп

58

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека САД ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска по победата на Карол Навроцки на претседателските избори.

Во соопштението, Трамп изјави дека е горд што го поддржал Навроцки за време на кампањата и истакна дека одлуката за испраќање дополнителни американски сили доаѓа и поради нивниот меѓусебен однос.

„Врз основа на успешниот избор на сегашниот претседател на Полска, Карол Навроцки, кого гордо го поддржував, и нашиот однос со него, со задоволство објавувам дека Соединетите Американски Држави ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска“, напиша Трамп.

Трамп не објави дополнителни детали за распоредувањето на војниците или временската рамка за пристигнување на американските сили во Полска, пренесе „Индекс“.

 

ИЗДВОЕНИ