Во Лондон започна нова рунда трговски разговори меѓу САД и Кина, при што двете страни се обидуваат да го зачуваат кревкото примирје постигнато минатиот месец, објави Си-Ен-Ен.
Лице запознаено со ова прашање изјави за Си-Ен-Ен дека разговорите меѓу Вашингтон и Пекинг се во тек, извештај потврден од кинеската официјална новинска агенција Синхуа.
Се очекува извозот на ретки земни елементи од Кина да биде во фокусот на вниманието на денешниот состанок во британскиот главен град.