понеделник, јули 13, 2026
Дома СВЕТ САД го изведоа првиот напад со поморски дронови и погодија база во...

САД го изведоа првиот напад со поморски дронови и погодија база во Иран/ВИДЕО

673
Foto: Printscreen/X

Американската војска објави снимка од напад со поморски дронови врз објект за одржување на подморници и бродови во иранската морнаричка база во Бандар Абас.

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека три беспилотни површински бродови од типот „Корсар“ биле вклучени во нападот, кој се случил во неделата. Според CENTCOM, ова е прв пат САД да користат офанзивни морнарички дронови во борбена операција.

Ова се беспилотни бродови кои биле користени во оваа операција како потрошни ударни дронови. Објавените снимки ги прикажуваат бродовите како се приближуваат кон пристаништето со голема брзина, проследени со експлозии.

Погледнете ги снимките објавени од Централната команда на САД.

„Ноќните напади ја ослабеа способноста на Иран да продолжи со нападите врз трговските бродови“, соопшти ЦЕНТКОМ. Командата не објави информации за евентуални жртви или детална проценка на штетата, а обемот на штетата не можеше независно да се потврди.

ИЗДВОЕНИ