понеделник, октомври 19, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА САД два месеци ќе ја проценува економската штета од одложувањето на санкциите...

САД два месеци ќе ја проценува економската штета од одложувањето на санкциите за Русија

1
EPA/WILL OLIVER

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе искористи период од најмногу 60 дена за да го процени економското влијание на санкциите и царините поврзани со Русија – мерки што тој ги суспендираше само еден ден претходно – пренесува Ројтерс.

Трамп потпиша извршна наредба со која се одложува спроведувањето на нов, сеопфатен пакет санкции против Русија, објаснувајќи му на Конгресот дека оваа одлука е во национален интерес.

Иако во одлуката објавена во петокот не беше прецизирано времетраењето на одложувањето, Рубио изјави дека Доналд Трамп се одлучил за период на „преиспитување“ во траење од 60 дена.

Пакетот санкции имаше за цел да го лиши рускиот претседател Владимир Путин од ресурсите што ѝ се потребни на Москва за продолжување на војната во Украина, како и да воведе санкции против руски функционери и банки, и да ја попречи „флотата од сенка“ составена од танкери што се користат за транспорт на руски енергенси до нивните одредишта.

Минатата недела, Трамп постигна неочекуван договор според кој Русија треба веднаш да испорача над 300.000 тони дизел, по што во ноември би следеле дополнителни 500.000 тони, а „веднаш потоа“ – уште еден милион тони.

Договорот на Трамп со Путин за дизелот наиде на остри критики и од републиканците и од демократите, кои тврдат дека тоа ѝ помага на Русија во водењето на војната против Украина.

ИЗДВОЕНИ