Сабрина Карпентер побара од Белата куќа да престане да ја користи нејзината музика/ВИДЕО

0
EPA/JUSTIN LANE

Американската поп-пејачка Сабрина Карпентер побара од Белата куќа да престане да ја користи нејзината музика откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го искористи нејзиниот хит од 2024 година „Juno“ во видео на социјалните мрежи.

Објавеното видео ги прикажува агентите на Службата за имиграција и царина (ICE) како бркаат и приведуваат луѓе додека минувачите снимаат на нивните телефони, а видеото е придружено со натпис „Дали го пробавте ова? Збогум“, алудирајќи на текстот на песната, според Ројтерс.

„Ова видео е злобно и одвратно. Никогаш не ме користете мене или мојата музика за да ја промовирате вашата нехумана агенда“, напиша 25-годишната Карпентер на социјалната мрежа X.

Портпаролката на Белата куќа, Абигејл Џексон, одговори дека администрацијата нема да се извини за депортирање на опасни криминалци, убијци, силувачи и педофили.

„Еве кратка и слатка порака за Сабрина Карпентер. Секој што ги брани ваквите чудовишта мора да е глупав, или уште полошо“, рече Џексон.

Со овој апел, Карпентер, добитник на наградата Греми, се придружи на листата од повеќе од 200 музичари, меѓу кои и Нил Јанг и Ролинг Стоунс, кои претходно се спротивставија на употребата на нивната музика на настаните на Трамп.

ИЗДВОЕНИ