Откако загуби во полуфиналето на Вимблдон од Американката Аманда Анисимова (4:6, 6:4, 4:6), белоруската тенисерка Арина Сабаленка одлучи да се опушти и да ги наполни батериите на една од најпосакуваните летни дестинации – грчкиот остров Миконос.
Сабаленка сподели серија провокативни фотографии на својот профил на „Инстаграм“ со опис: „Селфи, пливање, читање и повторување“, јасно ставајќи до знаење дека ужива во секој момент од својот одмор.
На сликите се гледа како тениската ѕвезда се опушта на плажа, плива во кристално чистото море и ужива во сонцето. Сепак, вниманието на јавноста го привлече и фактот дека друштвото на Сабаленка е составено од грчко-бразилскиот бизнисмен, Јоргос Франгулис, инаку нејзино ново момче.
Објавата брзо стана вирална и собра речиси 350.000 „лајкови“, а голем број коментари од обожаватели ширум светот го пофалија нејзиниот изглед и ѝ порачаа да ужива.