вторник, септември 1, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Русија воведе дигитална рубља

Русија воведе дигитална рубља

8

Русија, по неколкугодишно тестирање, почна масовно да ја воведува дигиталната рубља. Русите од денеска ,преку апликациите на најголемите банки, ќе можат да пазаруваат со дигитални рубљи.

Дигиталната рубља не е криптовалута. Ја издава Руската централна банка, а нејзината вредност е цврсто поврзана со редовната рубља. Главната разлика е каде се наоѓаат парите. Парите на редовната сметка ги чува комерцијална банка, додека дигиталната рубља се наоѓа во паричникот на платформата на Банката на Русија. Граѓаните пристапуваат до дигиталната рубља преку апликациите на банките.

Секое лице може да има само еден дигитален паричник, но може да пристапи до него од апликациите на неколку банки. Сите 12 системски важни руски банки, кои заедно покриваат повеќе од 80 проценти од пазарот на плаќање, се подготвени да им го понудат новиот систем на своите клиенти.

Другите банки ќе бидат постепено вклучени до 2028 година.

Граѓаните можат да префрлаат до 300.000 рубљи месечно од своите банкарски сметки во дигиталниот паричник. По тоа, нема ограничување за трошење или за префрлање на овие пари. Сите трансакции се бесплатни за граѓаните. Не се наплаќа камата за дигиталните рубљи.

Руската централна банка нагласи дека користењето на дигиталната рубља е на доброволна основа.

ИЗДВОЕНИ