четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Романија ги подигна авионите! Руски дрон навлезе во романскиот воздушен простор

Романија ги подигна авионите! Руски дрон навлезе во романскиот воздушен простор

108

Националниот воздушен простор на Романија е нарушен за време на ноќниот руски напад врз Украина, а зоната на веројатен влез на беспилотни летала е одредена во близина на границата, во југоисточниот округ Тулча, соопшти денеска Министерството за одбрана во Букурешт.

Романија, која е членка на НАТО, подигна два борбени авиони за да го следат нападот од воздух, пренесува Ројтерс.

Паѓањето на делови од беспилотни летала и нарушувањето на воздушниот простор на Романија се редовна појава во последните година и пол, откако Русија ја нападна украинската пристанишна инфраструктура на реката Дунав, наведува агенцијата, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ