
Поголемиот дел од шпанските медиуми ја пласираа и информацијата дека вечинте ривали од Ла Лига, Барселона и Реал (М) се во клинч кога е во прашање можниот трансфер на стандардниот првотимец во дресот на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Родри. Се погласни се шпекулациите дека искусниот играч за врска ќе се врати во татковината за време на летниот преоден рок, а тоа индиректно го најави и неговиот татко.











