FOTO: RK Alkaloid

Ракометарите на Алкалоид забележаа уште една победа над црногорскиот Ловќен во Регионалната ракометна лига, славејќи со 40:29.  Избраниците на тренерот  Кирил Лазаров одиграа одличен меч против црногорскиот претставник, на кого за само неколку дена му дадоа вкупно 94 гола. Ловќен на овој натпревар се бореше малку повеќе и на паузата имаше 18:18, но во вториот дел Алкалоид комплетно ја презеде играта под контрола и заслужено дојде до втор триумф во натпреварувањето. Разликата стана двоцифрена на пет минути до крајот на мечот, кога веќе беа решени сите дилеми околу победникот.

Најдобар поединец во редовите на Алкалоид, беше Иван Џонов со осум погодоци, а Марко Митев додаде шест. На спротивната страна, Мрваљевиќ имаше еден вкупно седум гола зад своето име.

Алкалоид во следното коло ќе ги одмери силите со екипата на Дубочица, додека Ловќен го очекува дуел со белградски Партизан.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, пак стигнаа и до третата победа во Регионалната лига, откако во мечот од групата А против Дубочица славеа со 38:24.

Натпреварот кој се одигра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола мина  во знакот на македонскиот вицепрвак. Тимод од Битола по победите над Партизан и Ловќен славеше и во третиот дуел за крај на оваа мини-серија од новото натпреварување.

Најефикасен играч во победата на пелистерци беше Петар Атанасијевиќ со 11 голови, додека со осум постигна капитенот Филип Кузмановски. Кај Дубочица се истакна Ристовиќ со пет гола.

 

ИЗДВОЕНИ