Ракометниот клуб Алкалоид објави соопштение насочено кон навивачите, односно оние кои имаа купени билети за натпреварот со АЕК во рамките на финалниот двомеч во ЕХФ Купот. Поради неодигрување на средбата, клубот реши да ги рефундира сите средства кон навивачите за билетите.

Уште еднаш ја изразуваме нашата БЛАГОДАРНОСТ што ни дадовте безрезервна поддршка и што во голем број дојдовте во СЦ „Борис Трајковски“ на финалниот меч од Европската лига на ЕХФ. Жалиме што натпреварот не се одигра затоа што гостинскиот состав не сакаше да излезе на теренот и спортски да се бори за пехарот од ова натпреварување.

Вашите билети купени онлајн ќе бидат рефундирани во период од 15 работни дена. Средствата ќе ги добиете директно на вашата сметка преку која сте ги купиле билетите. Билетите што се купени од продажно место ќе можат да бидат рефундирани од местото на купување со приложување на соодветната фискална сметка и на билетот.

Уште еднаш ви се заблагодаруваме за континуираната поддршка и трпение. Се надеваме дека заедно ќе славиме нови успеси во иднина“, напишаа од скопскиот клуб.

Вистинска штета е што финалето беше одложено, бидејќи Грците ги очекуваше пекол пред полните трибини во СЦ „Борис Трајковски“.

Засега се очекува одлука околу следните чекори од страна на ЕХФ насочени кон финалето.

ИЗДВОЕНИ