Ретката руда антимон која е пронајдена во близина на паланечкото село Луке ќе се извезува во Америка, најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој додаде дека македонскиот антимон ќе се дистрибуира до топилница во Оклахома.
-Ние сме првата земја која има стратешки дијалог со оваа администрација на САД. Теми кои ќе бидат опфатени се дигиталната трансформација, вештачката интелегенција, инфраструктурата, одбрамбената индустрија во кои што ние силно инвестираме, а истовремено да се инвестира и во еден многу значаен проект а тоа е рудата антимон која ќе се експлоатира близу до кривопаланечкото село Луке, редок минерал кој што за нашата економија може да значи многу. Истражувањата се при крај. Ќе се извезува во САД, од инвеститорите ја добив информацијата дека топилницата би се градела во Оклахома. Тоа е нешто што е многу важно за нашата држава и за нас како граѓани, информираше премиерот Мицкоски.

Премиерот појасни дека ова е еден од важните договори кои ќе бидат на маса на стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД во Вашингтон. Македонската делегација ја предводи шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски, а ќе учествуваат и министрите за внатрешни работи, одбрана, дигитална трансформација и за енергетика. Домаќин ќе биде заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Лендау, втор човек во Стејт Департментот.












