сабота, јануари 17, 2026
Дома СКОПСКА Реновирано детското инклузивно игралиште во Влае

Реновирано детското инклузивно игралиште во Влае

236

Општина Карпош го реновираше детското инклузивно игралиште кое се наоѓа во рамки на плоштадот „Делфина“, откако тоа беше цел на вандали и речиси целото беше демолирано од страна на несовесни граѓани.

Локалната самоуправа постави нова подлога која е безбедна за користење, како и нови современи реквизити (освен централниот реквизит кој сè уште е во добра состојба) и други забавни содржини за најмладите карпошани.

Од Општина Карпош повторно апелираат до сите граѓани да се однесуваат совесно и разумно да ги користат реквизитите, бидејќи пред сè станува збор за инклузивно игралиште на кое се рекреираат и децата со попреченост.

 

ИЗДВОЕНИ