среда, октомври 21, 2026
Дома БАЛКАН РЕГИОНОТ НА УДАР НА СИЛНО НЕВРЕМЕ: Најпогодени ќе бидат Црна Гора, Албанија,...

РЕГИОНОТ НА УДАР НА СИЛНО НЕВРЕМЕ: Најпогодени ќе бидат Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Јадранското приморје

80

Во следните 24 часа, односно во периодот од 8 часот од денешниот ден (среда 21 октомври) до 8 часот од денот (четврток 22 октомври) под влијание на силен циклон од Џенова, Црна Гора, северот на Албанија, југозападот на Босна и Херцеговина и Јадранското приморје ќе бидат на удар на силни поројни врнежи од дожд проследени со силни грмежи (силен ветер од јужен правец со брзина од над 80 км/час), можност за појава на град па дури и услови за развој и формирање на Торнада на Јадранот, најави Славчо Попоски.

Во овие предели во погоре споменатиот период ќе наврнат од 40 до 70 литри дожд на метар квадратен на Јадранското приморје. Многу повеќе дожд ќе наврне на југозападот од Босна и Херцеговина, во Црна Гора и на северот на Албанија каде ќе наврнат од 100 до 150 литри дожд на метар квадратен (локално и над 150 литри дожд на метар квадратен) со што постои можност за локални поројни поплави.

Поради ваквата ситуација, граѓаните да бидат подготвени и крајно внимателни поради очекуваното силно невреме и многу обилните врнежи од дожд, апелира метеорологот.

ИЗДВОЕНИ