среда, октомври 21, 2026
Дома БАЛКАН Полицијата падна во замка? Експлодираше сомнителен куфер во влез од зграда во...

Полицијата падна во замка? Експлодираше сомнителен куфер во влез од зграда во Атина, има повредени/ВИДЕО

190

Четири лица се повредени денес, меѓу кои и двајца полицајци, во експлозија што се случи во атинската населба Колонос.

Според досегашните информации, експлозијата се случила на влезот од станбената зграда, објавува порталот Прототема.

Еден од полицајците е тешко повреден, но неговиот живот не е во опасност, додека двајца цивили и уште еден полицаец се здобиле со малку полесни повреди и се хоспитализирани.

Се наведува дека една од хипотезите што се разгледуваат е дека станува збор за стапица поставена за полицијата.

Полицијата пристигнала на местото на настанот откако добила телефонска пријава за сомнителен предмет.

Според достапните информации, лицето кое се јавило ги оставило своите податоци и наводно пријавило дека предметот, куфер, содржи дрога. Меѓутоа, кога полицијата пристигнала на местото на настанот, се случила експлозија на влезот од зградата, каде што наводно се наоѓал куферот со дрога.

18 пожарникари од шест возила интервенирале на местото на настанот, а присутни биле и полициски сили.

Еден од очевидците рекол дека тој и неговите пријатели, откако слушнале силен тресок, прво помислиле дека се случила сообраќајна несреќа.

Кога излегле надвор, виделе чад, а малку подоцна дознале дека експлодирала бомба.

Според него, реакцијата на надлежните служби била итна, а амбулантните возила и полициските сили пристигнале на местото на настанот за само пет минути.

Полицијата го третира случајот како многу сериозен и во овој момент не може да се исклучи можноста дека станува збор за стапица наменета да им наштети на полицајците, наведува порталот.

ИЗДВОЕНИ