Тимот на Ред Бул е казнет со 50.000 евра за прекршување на правилата на трката за Големата награда на САД. Имено, Ред Бул е казнет откако член на тимот се обидел да ја отстрани лентата што ја означува стартната позиција на возачот на Мекларен, Ландо Норис.
ФИА соопшти дека членот на Ред Бул „повторно влегол во делот од стартната зона на Порта 1, во близина на втората стартна позиција“, која му припаѓала на Норис, откако болидите веќе го започнале загревачкиот круг на патеката во Остин.
Според „Скај спортс“, вработен во Ред Бул се обидел да ја отстрани лентата што Мекларен ја поставил по ѕидот на стартната решетка за да му помогне на Норис прецизно да се позиционира на својата стартна позиција, со оглед на ограничената видливост од кокпитот.