сабота, октомври 3, 2026
Дома СВЕТ Речиси 200 лица хоспитализирани во рускиот регион Иркутск поради сомневање за чума

Речиси 200 лица хоспитализирани во рускиот регион Иркутск поради сомневање за чума

0

Во рускиот регион Иркутск, во близина на границата со Монголија, идентификувани се и хоспитализирани 189 лица за кои постои сомневање дека се заразени со чума, изјави денеска извор запознаен со случајот.

Изворот за телевизијата „РЕН ТВ“ изјави дека сите хоспитализирани лица биле во контакт со млада жена која претходниот ден починала од чума, пренесува „Москоу тајмс“.

Лицата кај кои постои сомневање за зараза со чума се сместени во две болници, а 12 од нив се испратени во институт за борба против чума на набљудување; некои од нив покажуваат симптоми на болеста, иако инфекцијата сè уште не е потврдена.

ИЗДВОЕНИ