Разузнавачи откриваат: Путин сега е поподготвен за мировни преговори, но подоцна може да ја обнови војната

470

Рускиот претседател го префрлил својот непосреден фокус во војната против Украина на краткорочни цели за разлика од досега, кога веруваше дека ситуацијата на бојното поле е во негова корист, односно дека може долго да води војна со Украина за да ја освои целата земја. Кремљ се надева дека подобрите односи ќе го одвлечат вниманието од војната по тактичка пауза и дека потоа ќе може со комбинација на воена сила, економски притисоци, информативна пропаганда и политичко влијание да ги постигне целите на Путин не само во Украина, туку и пошироко, изјавил висок европски функционер. Венс не верува дека војната ќе заврши наскоро

 

 

Рускиот претседател Владимир Путин го префрлил својот непосреден фокус во војната против Украина на краткорочни цели за разлика од досега, кога веруваше дека ситуацијата на бојното поле е во негова корист, односно дека може долго да води војна со Украина за да ја освои целата земја. На промена на целите на рускиот лидер сугерираат нови разузнавачки информации кои ги добиле американски и западни претставници. Како причина за пресвртот се наведува потребата да се задржат окупираните територии и да се зајакне потклекнатата руската економија, изјавуваат за Си-ен-ен неколку извори запознаени со содржината на разузнавачките извештаи.

Според разузнавачите постои уверување дека Путин сега е поподготвен да разгледа мировен договор отколку порано. Сепак, високи американски претставници остануваат скептични кон тврдењата на Путин за време на преговорите дека сака мировен договор, иако американскиот предлог е во голема мера во корист на Русија и вклучува признавање на поголемиот дел од територијата што ја зазеде. Како што јавуваат странските медиуми, општо е прифатено дека дури и ако Москва се согласи со сегашната верзија на договорот, подоцна би можела да се обиде да ја обнови војната и да се обиде да заземе повеќе украинска територија.

-Мислам дека сега размислува, не би рекол поскромно, но во рамки на поразумни, поблиски цели, изјави еден висок западен разузнавачки службеник.

Притисокот од администрацијата на Трамп, која сè повеќе се заканува со дополнителни санкции, и руската економска криза би можеле да го доведат Путин во тешка позиција. Во исто време, можноста за големи американско-руски инвестиции доколку заврши војната е силно нагласена во преговорите.

-Сè зависи од тоа што ќе стават САД на маса, за да може тој не само да покаже победа дома, туку и навистина да почувствува дека постигнал нешто доволно големо за да направи значителен прекин, а можеби еден ден и повторно да го започне конфликтот, рече истиот висок разузнавачки службеник.

Тој извор истакна дека Путин често ги споменува регионите од кои „потекнува рускиот народ“ и дека сè уште ја одржува својата „долгорочна цел“, окупација на големи делови од Украина, која во својата идеологија ја гледа како „лулка на руската цивилизација“.

-Кремљ се надева дека подобрите односи ќе го одвлечат вниманието од војната по тактичка пауза и дека потоа ќе може со комбинација на воена сила, економски притисоци, информативна пропаганда и политичко влијание да ги постигне целите на Путин не само во Украина, туку и пошироко, изјавил висок европски функционер.

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс не верува дека војната во Украина ќе заврши наскоро и рече дека Русија и Украина мора да се договорат како да се стави крај на конфликтот.

-Сега кога секоја страна знае кои се условите на другата страна за мир, од нив зависи да постигнат договор и да го запрат овој брутален конфликт. Тоа не води никаде. Нема да заврши наскоро, рече Венс во интервју за „Фокс њуз“.

Во меѓувреме, САД и Украина го потпишаа договорот со кој САД добива пристап до клучните украински минерали и други природни ресурси. Договорот потпишан во средата сега чека ратификација од украинскиот парламент, а Украина се надева дека ќе ѝ обезбеди долгорочна американска воена помош и поддршка во повоената реконструкција на земјата. Како што пишува АП, овој договор е насочен кон економска обнова на Украина, која, според очекувањата, треба да ја зајакне украинската економија и да обезбеди долгорочна поддршка на САД борбата против Русија. Договорот опфаќа минерални суровини, нафта и природен гас, но не и оние ресурси кои веќе ѝ носат приход на Украина. Сопственоста на ресурсите ќе остане украинска. Предвидено е  создавање на билатерален инвестициски фонд, чии средства треба да се користат за обнова на Украина. Како што изјави вицепремиерката на Украина, Јулија Свириденко, договорот подразбира дека Вашингтон и Киев ќе имаат еднакви права, а приходот од инвестицискиот фонд нема да се распределува десет години.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека ова е „победнички“ договор за Украина, бидејќи обезбедува автономија во одлучувањето за нејзините природни ресурси, а во исто време ја носи потребната поддршка во обновата на земјата.

 

ИЗДВОЕНИ