четврток, јуни 4, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Расте инфлацијата во еврозоната, декемвриската изнесува 2,4 отсто

Расте инфлацијата во еврозоната, декемвриската изнесува 2,4 отсто

59

Годишната инфлација во еврозоната во декември се зголеми на 2,4%, од 2,2% во ноември. Во декември минатата година годишната стапка на инфлација во еврозоната изнесуваше 2,9%.

Во декември, во однос на декември минатата година, инфлацијата во Европската Унија изнесувала 2,7 отсто, додека пред 12 месеци годишната инфлација изнесувала 3,4%, објави „Евростат“.

Најниска годишна стапка на инфлација е забележана во Ирска 1%, Италија 1,4% и во Луксембург, Финска и Шведска од 1,6%.

На спротивната страна е Романија со инфлација од 5,5%, Унгарија 4,8% и Хрватска со 4,5%.

Во споредба со ноември, цените пораснаа во 19 земји, во една останале стабилни, а во 7 се намалени.

Најголем придонес во растот на цените во декември имаат услугите, а потоа храната, алкохолот и тутунот. Многу помал придонес имаат цените на индустриските производи, а придонесот на енергијата е само 0,01 процентен поен.

Базичната инфлација, кога се исклучени цените на енергијата, храната, алкохолот и тутунот во еврозоната, изнесуваше 2,7%.

Најниско ниво на годишна инфлација во еврозоната е забележано во септември од 1,7%.

ИЗДВОЕНИ