Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска, заедно со директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски, учествуваше во акцијата за чистење на депонијата кај полигонот на Кале.
Грасимовски посочи дека хигиеничарите на ЈП ПОЦ заедно со службите на Општината се постојано на терен. Тој нагласи дека Општината во соработка со ПОЦ изнајмува дополнителна механизација за да го отстрани ѓубрето кое, како што рече, се прелева на улиците.
– Изминатите четири години сработуваме она што и Град Скопје не го сработува, заедно со нашите тимови на луѓе, заедно со хигиеничарите на ПОЦ, заедно со сите вработени постојано сме на терен. Денеска се чисти овој дел под Кале, добро познатиот полигон каде што се соочувавме со огромна депонија. Нема да дозволиме центарци да се гушат во смет. Секојдневно нашите служби се на терен, дури и во ноќните часови. Како Општина заедно со Јавното претпријатие ПОЦ изнајмуваме дополнителна механизација за да цело ѓубре што се прелева на улиците, па и на други депонии, биде отстрането – рече Герасимовски.