Албанскиот премиер Еди Рама повторно се осврна на насилните инциденти што се случија за време на протестите во Тирана и други градови во текот на изминатата недела.
Рама ги повика полициските службеници, кои се соочуваат со овие напади, да покажат трпение и самоконтрола.
„Почит – навистина, бевте примерни во овие денови на агресија, соочувајќи се со камења и оган насочени против визијата за Албанија во Европската унија до 2030 година. Покажете трпение и самоконтрола кон младите луѓе што протестираат, но останете решителни кон маскираните поединци кои фрлаат камења и предизвикуваат пожари“, изјави Рама.
Протестите, кои станаа насилни по 13 октомври, продолжуваат и денес во Тирана; демонстрантите, исто така, бараат негова оставка.












