
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) е целосно под контрола на руските сили.
За време на посетата на истурено командно место на руските здружени сили, Путин рече дека 10 отсто од територијата на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) и околу 16,5 отсто од Запорошката област остануваат под контрола на украинските сили, пренесе „Спутник“.
Рускиот претседател истакна дека од почетокот на годината, руската војска презела контрола врз 310 украински населби и 6.500 квадратни километри територија.
Путин нагласи дека создавањето безбедносна зона нема да биде предмет на преговори. Тој додаде дека по упадот на украинските вооружени сили во руската Курска област, руските вооружени сили добиле задача не само да го протераат непријателот, туку и да воспостават безбедносна зона.











