Русија во моментов се бори за сегашноста и иднината на земјата, изјави рускиот претседател Владимир Путин на форумот „Силни идеи за ново време“ во Нижни Новгород.
„Во интерес на зајакнување на суверенитетот, се бориме за сегашноста и иднината на Русија преку нашите практични напори насочени кон подобрување на благосостојбата на нашите граѓани. Русија е силна и ќе остане силна во иднина“, рече Путин.
Придонесот на секој руски граѓанин е важен за победата на Русија, нагласи тој.
Според него, искуството стекнато за време на Специјалната воена операција треба да се земе предвид при подобрување на воените, цивилните и комбинираните технологии во Русија.
Идеите и проектите на Агенцијата за стратешки иницијативи овозможуваат формирање нови точки на раст за регионите, оцени тој.
„Цела Русија, од Калининград до Владивосток, треба да користи национални технолошки решенија и проекти“, рече претседателот, објави „Спутник“.
Надежите и аспирациите на Русите мора да бидат во центарот на сите владини одлуки, додаде Путин.












