Во јавниот превоз, денеска беа пуштени само дел од новите автобуси за приватните превозници, а не сите 55, како што најави во петокот скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.  Претставникот на приватните превозници, Влатко Тодоровски, денеска информираше дека биле пуштени во сообраќај дваесетина автобуси, кои, како што кажа, се со мотор евро 5 стандард, и тоа набавени од европските држави   како што се Германија, Франција, Холандија итн. Тој истакна дека причината за тоа што не се пуштени сите во оптек е тоа што не се монтирани валидатори кај сите. – Монтирањето го вршат од ЈСП „Скопје“, и тоа оди бавно. Дневно се монтираат валидатори во два до три автобуси. Како што ќе се монтираат валидаторите, така веднаш ќе се пуштаат автобусите во сообраќај – објасни Тодоровски. Освен тоа, тој наведе дека се обезбедени лиценци за 55. автобуси

 

Во јавниот превоз, денеска беа пуштени само дел од новите автобуси за приватните превозници, а не сите 55, како што најави во петокот скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.

Претставникот на приватните превозници, Влатко Тодоровски, денеска информираше дека биле пуштени во сообраќај дваесетина автобуси, кои, како што каж,а се со мотор евро 5 стандард, и тоа набавени од европските држави  како што се: Германија, Франција, Холандија итн.

Тој истакна дека причината за тоа што не се пуштени сите во оптек е тоа што не се монтирани валидатори кај сите.

– Монтирањето го вршат од ЈСП „Скопје“, и тоа оди бавно. Дневно се монтираат валидатори во два до три автобуси. Како што ќе се монтираат валидаторите, така веднаш ќе се пуштаат автобусите во сообраќај – објасни Тодоровски.

Освен тоа, тој наведе дека се обезбедени лиценци за 55. автобуси.

Скопскиот градоначалник, Ѓорѓиевски, на прес-конференцијата во петокот, најави дека, покрај овие 55 автобуси, до Нова година ќе бидат вклучени уште 20 возила, што би требало да го подобри градскиот превоз во главниот град. Тој рече дека покрај постојните, ќе се вклучат и нови автобуси на кои им се дадени лиценци за да се надомести недостигот од возила во јавниот превоз.

Ѓорѓиевски напомена дека до март следната година, во соработка со Владата и со Министерството за транспорт, ќе бидат обезбедени уште 80 нови автобуси.

Во моментов, според превозниците, долгот што го имаат Град Скопје и ЈСП кон нив изнесува  170 милиони денари. Тие очекуваат тој да биде намирен, бидејќи, во разговор, Ѓорѓиевски им го ветил тоа.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна и дека ќе го продолжи проектот БРТ.

– Со ребалансот на буџетот, кој наредната недела ќе биде на дневен ред на седница на Советот на Град Скопје, ќе биде предвиден и БРТ- проектот за да почнеме со негова реализација. Со тоа, започнуваме со решавање на сообраќајниот хаос во градот поврзан со немањето алтернатива – изјави Ѓорѓиевски на промоцијата на 55. автобуси.

Поранешното раководство на Градот, предводено од Петре Шилегов, работеше на овој проект околу три години, заедно со експерти на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Притоа, со средства од ЕБОР во висина од 75.000 евра, беа направени истражувања и изработка на студија, во што учествуваа сообраќајни експерти од земјава и од странство.

Со буџетски пари од Градот, врз основа на истражувањата и студијата, се правеше проектот за првата траса од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, за што беа потрошени 95.000 евра. Проектот го правеа група понудувачи – друштвото за трговија и проектантски услуги „24 ИНГ“ ДООЕЛ увоз-извоз од Битола и трговското друштво за проектирање инженеринг и консалтинг „Прима инженеринг“ од Скопје.

Потоа, во април 2021, беше потпишан договорот со ЕБОР за наменски кредит од 70 милиони евра за изградба на двете траси од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода.

Во јули 2021, проектот ѝ беше презентиран на јавноста и беше кажано дека возилата ќе се движат по посебна лента, која ќе биде во средишните жардиниери, а ќе биде одвоена од лентите за сообраќај со зеленило од двете страни. Станиците ќе бидат од затворен тип, што значи наплатата ќе се врши во нив, по принципот на метростаниците, а не во автобусите. Со тоа, пократко ќе биде задржувањето на патниците и ќе се овозможи поголема брзина на возилата. Од Ново Лисиче до Ѓорче Петров ќе се стигнува за 30 минути.

Ѓорѓиевски, денеска, оствари конструктивна средба со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на која беше разговарано за заедничките проекти што ќе бидат реализирани и што ќе донесат вистински придобивки за сите жители на нашиот град.

– Главни теми на состанокот беа подобрувањето на транспортниот систем преку реализација на проектот „Градски воз“, набавката на нови, еколошки автобуси за градскиот превоз, како и модернизацијата на инфраструктурата во Скопје. Министерот Николоски ја потенцираше силната заложба на Владата за реализација на капиталните инвестиции во главниот град, како темел на неговиот иден развој – информираше Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека заеднички заклучиле дека Скопје има потреба од нов план за трансформација на градскиот сообраќаен систем, кој ќе донесе поголема ефикасност, економичност и подобар квалитет на живот за граѓаните.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ