Пукање во центарот на Подгорица: Повредени се полицаец и уште пет лица, едно во критична состојба

400

Шест лица се ранети во пукотница што се случи синоќа пред кафуле во Подгорица, а меѓу повредените е и еден полицаец. Д.Ф. (38) е најтешко ранет, застрелан во грб и е во критична состојба.

Според информациите од порталот „Дан“, пукањето се случило кога М. Л. (23) отворил оган од огнено оружје надвор од ресторанот. Другите жртви се: В. Ѓ. (19), ранет во коленото, Л. Ш. (23) со прострелна рана во ногата, У. Љ. (37), ранет во раката, и И. М. (25), кој бил застрелан во ногата. Сите повредени се префрлени во Клиничкиот болнички центар на Црна Гора каде што им е укажана медицинска помош.

Преземени се итни мерки и дејствија за расветлување на сите околности на настанот, како и за пронаоѓање и приведување на осомничениот. За кратко е идентификуван осомничениот Л.М. (23) од Подгорица, кој откако употребил огнено оружје, избегал во непознат правец.

„Полициските службеници спроведоа истрага, поставија потесни и пошироки блокади на патот, собраа информации од десетици лица и запленија видео надзор од неколку објекти, а по преглед на неколку локации за краток временски период, осомничениот Л.М. беше пронајден и приведен“, се додава во полициското соопштение.

ИЗДВОЕНИ